fbpx
10 C
Skopje

Расте бројот на разводи во Делчево

АКТУЕЛНО

Во првите два месеци од годинава, осум брачни парови од Дeлчево, судски ставиле крај на брачната заедница, додека во последниве три години, според информацијата од Основниот суд во Делчево, официјално се раскинати 120 бракови.

Зад оваа статистика се кријат нарушени меѓучовечки односи во брачната заедница, напуштање на брачната заедница повеќе од една година, но и спогодбено ставање крај на брачната заедница. Последниве години на разводот влијаат и социјалните мрежи, работењето во смени и љубомората, но и економската зависност и влијанието од родителите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -