fbpx
37.8 C
Skopje

Реакција на ОК Тетово на ВМРО Народна партија

АКТУЕЛНО

„Во екот на туристичката сезона, досегашната директорка на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, одлучи да замине во пензија, со што претпријатието останува без менаџмент во време кога тоа му е најпотребно. Со повлекувањето од функцијата Скрческа зад себе остави катастрофална состојба со одржувањето на хигиената во градот.

Од друга страна, новиот в.д. директор на „Охридски Комуналец“ Александар Китески кој доаѓа од општинскиот инспекторат, воопшто не е запознаен со начинот на кој функционира комуналното претпријатие, а во услови на зголемен обем на работа и туристички шпиц, тешко е да се очекува дека тој за кратко време ќе успее да научи како функционира претпријатието.

Ваквото себично однесување на Скрческа и неспособноста на градоначалникот Никола Бакречески, е врвот на лошото менаџирање со „Охридски Комуналец“ кое резултира со нечисти улици, застој во сообраќајот и преполни контејнери. Четири години граѓаните ја гледаат истата слика во летниот период, контејнери полни со смет кои со денови стојат на високи температури и од кои се шири непријатна миризба и вработени во претријатието кои сметот го подигаат во најголемиот сообраќаен шпиц со што го блокираат сообраќајот и создаваат метеж и нервоза кај учесниците во сообраќајот.
Како и изминатите три летни сезони, така и оваа, минува во знакот на целосна неспособност и импровизација во делот на комуналната хигиена што ја нагрдува сликата за туристичкиот бисер на Македонија.

Ова е само уште еден од бројните докази дека на Охрид му се потребни итни промени. Затоа, веќе во октомври, граѓаните ќе изберат промени и нов градоначалник и Совет на општината. Новата локална власт предводена од СДСМ, со сиот свој капацитет ќе работи на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и ќе обезбеди чист и уреден град, како што впрочем и му доликува на едно реномирано туристичко место“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -