fbpx
6.8 C
Skopje

Касемиро додава масло на огнот: Нејмар е добредојден во Реал!

АКТУЕЛНО

Зашто да не игра со нас? Тој е страшен фудбалер, коментира халфот на Реал.

Дефанзивецот на Реал Мадрид Касемиро се пошегува, дека неговиот сонародник Нејмар е добредојден во редовите на европскиот шампион.

Како што е извесно, играчот на Барселона ќе биде ново засилување на Пари Сен Жермен. Нејмар ја знае својата иднина, тој знае што треба да направи. Зошто да не дојде да игра во Реал? Тој ќе биде добредојден кај нас, рече Касемиро за Глобо Еспорте.

Не сум разговарал со него, но му посакувам се најдобро. Тој е страшен фудбалер и му се восхитувам. Знае што прави и добива добри совети. Татко му е добар и одговорен човек и знае што прави.

Му посакувам на Нејмар се најдобро ако ја напушти Барселона. Истото важи и ако остане. Тој е многу важен дел од селекцијата на Бразил, рече играчот на Реал за својот сонародник.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -