fbpx
-2 C
Skopje

Сакате да патувате во Европската Унија?! Тогаш не заборавајте ги овие правила за безвизно патување!

АКТУЕЛНО

Се огласи Заев: Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, но доста беше омраза

Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и...

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Во кои земји може да се патува без виза? Со македонски пасош без виза може да се патува во 108 земји.

олку време можат патниците да останат во Шенген зоната?

Граѓаните од Република Македонија кои поседуваат биометриски пасош можат да останат во Шенген зоната максимум до 90 дена од датумот на влез во период од шест месеци (180 дена). Овој период се смета од вашиот прв влез на територијата во рок од шест месеци. На пример, доколку сте влегле во Шенген-зоната на 1 февруари, следниот шестмесечен период започнува на 1 август. Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период. Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 6 месеци.

Дали можам да живеам и работам во Шенген зоната?

Новите правила се однесуваат само на патувањата. Според новите правила, граѓаните на Република Македонија не добиваат право да престојуваат повеќе од 3 месеци или пак да се вработат во Шенген зоната. Доколку планирате да останете подолго од три месеци, да се вработите или пак да студирате во временски период подолг од 90 дена, имајте предвид дека пред вашето заминување, мора да поднесете апликација за виза за долг престој, дозвола за престој или работна дозвола во амбасадата или конзулатот на земјата во која ќе патувате. Работа или престој во Шенген-зоната без релевантна национална дозвола за работа или престој се незаконски.

Биометриски пасош

Биометриските пасоши во Република Македонија се издаваат од април 2007. Доколку сè уште не поседувате биометриски пасош, потребно е да извадите нов пасош од надлежните служби за да може да патувате во наведените земји без виза. Бидејќи небиометриските пасоши не ги исполнуваат условите за безвизно патување, ќе можете да патувате само доколку имате обезбедено важечка Шенген виза. За повеќе информации, обратете се кај надлежните власти во вашата земја или конзуларните претставништва на земјите од Шенген-зоната.

Други услови за влез во Шенген зоната

Не постојат дополнителни финансиски или административни услови кои треба да ги исполнуваат лицата кои поседуваат биометриски пасош за да патуваат слободно во земјите од Шенген-зоната. Меѓутоа, вообичаените услови за влез на сите државјани на други земји кои патуваат во Шенген-зоната се применуваат. На граничните премини, на патниците може да им бидат побарани докази дека располагаат со средства за тоа патување, како и со средства со кои ќе се издржуваат во текот на престојот во Шенген-зоната. На патниците, исто така, може да им биде побарано да покажат каде ќе престојуваат (на пример, хотелска резервација или адресата на која ќе престојуваат). Покрај тоа, патниците не треба да се сметаат за закана за јавниот ред, јавното здравје или внатрешната безбедност, и не треба да се лица за кои се доставени предупредувања за одбивање на нивниот влез во земјата. Граничните власти на земјите-членки имаат право да одбијат влез доколку тие услови не се исполнети и тие ја носат крајната одлука за влез (Член 5 од Шенген Конвенцијата).

На граничниот премин со Грција ќе се применува посебна процедура. Грчките власти нема да ставаат печати за влез и излез од земјата во пасошите кои се издадени од Република Македонија. Грчките власти ќе ставаат печати на посебен документ кој ќе му биде даден на патникот.

Препораки за патниците

• Патувајте со сигурни туристички агенции.

• Проверете дали треба да обезбедите здравствено осигурување и под кои услови (документ/потврда од главната здравствена установа). Се препорачува да поседувате здравствено осигурување.

• Доколку патувате со возило во Шенген-зоната, мора да поседувате важечка меѓународна возачка дозвола и меѓународно осигурување за возилото (зелена карта).

• Доколку патувате во приватен аранжман, проверете ја адресата,градот,телефонскиот број и името на хотелот или друг вид на сместување во земјите од Шенген-зоната или на пребарувачите на интернет.

Европскиот број за итни случаи е 112 и се применува за сите земји на ЕУ (за полиција, прва помош или противпожарни бригади).

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Се огласи Заев: Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, но доста беше омраза

Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и...

Штотуку соопштени најновите резултати: Дури 3127 лица за само 24 часа се тестирани, 1022 од нив се позитивни на ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 463, Куманово 30 , Дебар...

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски: Ќе ги објавувам со име и презиме сите од ВМРО кои плукаат по Заев а зборувале многу за Бугарија

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран...

Овој напиток е ХИТ во светот: Се пие 15 дена, намалува 80 отсто од маснотиите

Револуционерниот напиток стана хит во светот поради својата ефикасност. Тајната е во главната состојка – сода бикарбона бидејќи за четири недели го забрзува метаболизмот и...
- Advertisement -