Во време кога голем број фудбалски ѕвезди, настапот за репрезентацијата на својата земја го гледаат само како додатна обрска, Мохамед Салах покажа дека не е еден од нив и дека успехот со Египет му пред сè во животот. Овој фантастичен фудбалер го исполни својот сон и го однесе Египет на Светското првенство по пауза од 28 години Во решавачкиот натпревар против Конго, Салах ги даде и двата гола за својот тим, кој славеше со 2: 1. Одлучувачкиот Салах го постигна во петтата минута од судиското продолжение од пенал.