fbpx
9 C
Skopje

СДСМ: Јолевски да се изјасни кој ги платил трошоците за посетата на САД

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денес преку соопштение побара одговор од Министерството за одбрана, дали со парите од граѓаните, министерот Јолевски бил на посета во САД. Тие напоменаа дека пари од Буџетот не смеат да се користат за партиски активности.

„Порачуваме дека Министерството за одбрана е должно да каже дали со пари на граѓаните е платена посетата на Зоран Јолевски на САД! Таа посета, при којашто Јолевски се сретна со американскиот конгресмен Дејна Рохрабакер, кој ја даде контроверзната изјава за распад и поделба на Македонија!

Ако според официјалните информации, посетата на Јолевски на САД била и приватна и службена, тогаш кој ги платил трошоците за таквите посети?

Министерството за одбрана го избегна одговорот на ова прашање. Дали тоа значи дека признава дека посочената посета на Јолевски на САД е платена со пари од граѓаните?!

“Приватниот дел“ на посетата на министерот за одбрана Јолевски упатува дека тој од позиција на министер лобирал и за партиски интереси.

Не смее пари од Буџетот да се користат за партиски активности!

Ако посетата на Јолевски е платена со пари од граѓаните, тогаш Министерството за одбрана е должно да каже и со кој друг се сретнал Јолевски. Дали тоа биле приватни или службени средби? Дали јавноста во Македонија треба да очекува нови контроверзни изјави како резултат на посетата и средбите на Јолевски?

Преклопувањето на државни со приватни агенди, како оваа, е уште еден пример на партизацијата на државните институции во десетогодишното несовесно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за што ќе има одговорност.

Граѓаните затоа избраа промени. И затоа мора да има нова одговорна Влада којашто ќе обезбеди независни институции и стабилност на државата.“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Фабрика на слатки облаци: Руски град во кој се патува поради совршениот традиционален десерт

Кога би се бирал „најслаткиот“ град во Русија, тоа би бил Коломна, кој е синоним за традиционалниот десерт од јаболка наречен пастила. Но, не дозволувајте...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...
- Advertisement -