23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ЗГОЛЕМЕНО НИВО: Охридското езеро е на еден сантиметар над дозволеното

Нивото на Охридското Езеро е на само еден сантиметар од дозволениот минимум, соопштија денес од УХМР. Според мерењата кои беа извршени утрово во 7:30 часот, температурата на водата изнесува 4,5 степени.

Според информациите откако испустот кај вливот на реката Црн Дрим на почетокот на месецот, допринел резултат, а водата во езерото се зголемила за 5 сантиметри.

Неделната хиролошка информација посочува дека водостоите на Вардар кај Јегуновци, Скопје, Велес и Демир Капија, како и на Треска кај Македонски Брод се далеку над просекот за месец февруари, додека пак Црн Дрим кај Ложани е далеку под просекот.

поврзани објави

Последни објави