fbpx
27.8 C
Skopje

Се огласи најстариот фудбалски клуб во светот: Уште еднаш е помината линијата помеѓу социјалните и комерцијалните вредности во ФУДБАЛОТ!

АКТУЕЛНО

 

Денеска, преку социјалните мрежи се огласи најстариот фудбалски клуб во светот, Шефилд ФЦ, кој испрати порака, која истовремено е апел до луѓето кои извршуваат одговорни функции во фудбалот.

– Драг фудбалу,

Денеска одбележуваме специјален ден во историјата на нашата убава игра. Конечно, уште еднаш е помината линијата помеѓу социјалните и комерцијалните вредности, со што нереалното стана реалност.

Сите знаеме дека фудбалот е моќна индустрија, повеќе од што може да биде било кој друг спорт на светот. Сепак, она што мора да го почитуваме сите е дека има повеќе во оваа игра од парите и славата. Оваа игра се однесува на милијарди фанови и аматери, а не на чекови со милијарди долари на крајот на неделата или месецот.

Повеќе од се друго, треба да дадеме максимум за да ја задржиме играта каква што беше и каква што треба да биде. Симбол за заедништво, игра која ќе ги обединува луѓето во светот на начин кој не е можен со било што друго. Издигнувањето на младите таленти и професионалните фудбалери до позиција да добиваат високи плати, надвор од општествената правичност, трае веќе подолго време, но не треба да се претвори во доминантна душа и смисол за екипите со 11 фудбалери кои ја шутираат топката 90 минути.

Како фудбалски татковци, наша обврска е да потсетиме на историските и социјалните корени. Вистинскиот дом на фудбалот не е ниту еден клуб или стадион кој го полниме секоја недела. Нашиот заеднички дом се вредностите на чија основа е градена нашата игра од 1857 година, чесност, почитување и заедништво.

Ако почнеме да забораваме, еден ден ќе зажалиме. Вистинските примери за нашите деца се градат со карактер на теренот. За фудбалот, за играта која сите ја сакаме, за светот кој го делиме заеднички.

Да ја задржиме играта реална, засекогаш и за сите времиња. Благодариме на поддршката, – е пораката испратена од Шефилд која денеска со право предизвика многу реакции.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -