fbpx
11.8 C
Skopje

Семејството на Анита од Делчево спојува три континенти на студената Алјаска

АКТУЕЛНО

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска
ИЗВОР: Fakulteti.mk 

 

Таа Македонка, тој Турчин, се вљубиле на студената Алјаска и решиле таму да останат. Приказната на Анита обединува три срца, три континенти и пет јазици

Дали би живееле во место каде што половина година е зима, на секој Први мај има снег, а на секоја прошетка во природа можете да сретнете гризли мечка која може да тежи и до половина тон? Селењето од топлата Македонија во студената Алјаска го прават најхрабрите, а меѓу нив може да ја вброиме 28-годишната Анита Василевска, сега веќе Чакан, од Делчево. Нејзиното семејство има необична приказна. Таа е Македонка, сопругот Турчин, се вљубиле на студената Алјаска и решиле таму да останат. Нејзината приказна обединува три срца, три континенти и пет јазици.

Четири од нив зборува Анита: мајчиниот македонски, англиски, шпански и албански, а учи и турски. Иако потекнува од град во кој речиси секој жител е етнички Македонец, таа решила да студира албански јазик. Вели дека одлуката ја донела зашто мислела оти тоа ќе биде перспективно во Македонија.

– Се запишав на Катедрата за албански јазик затоа што мислев дека познавањето на албанскиот јазик ќе има голема перспектива. И навистина, така е – може да им отвори многу врати на младите што добро го владеат – истакнува Анита.

Две свадби – во Енкориџ и во Делчево

Првпат заминала во САД кога била втора година на факултет. Во тоа време познавала многу студенти што веќе по два-три пати ја посетиле Америка. Поголем дел од нив се враќале со позитивни искуства, незаборавни моменти, нови пријателства и со „добра пара“. Заминала и таа. Во САД го запознала својот сопруг Умут. Анита вели дека тоа било љубов на прв поглед.

– Го запознав на студената Алјаска. Бев на свадба на мојата цимерка и таму сосема случајно седевме на иста маса. Тоа беше љубов на прв поглед. Правевме две свадби. Првата во Енкориџ, каде што денес живееме. Тука имаме многу пријатели и колеги од работа. Другата беше во моето родно Делчево, каде што беа поканети семејството на мојот сопруг и неговите другари. Дојдоа сите што беа поканети – раскажува таа.

Целата сторија можете да ја прочитате ОВДЕ
Извор: Факултети.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -