fbpx
22.8 C
Skopje

Сестрата на Роналдо објасни зошто името Меси не смее да се изговори во домот на Кристијано

АКТУЕЛНО

Угледниот француски магазин „Лекип“ замина на гости во домот на мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро, но покрај неа, во интервјуто се вклучија и двете сестри на португалската ѕвезда, Катја и Елма.

Од фамилијарната атмосфера, новинарот на „Лекип“ издвои неколку интересни изјави, но дефинитивно посебно внимание привлекува онаа поврзана за најголемиот ривал на Роналдо кога се во прашање индивидуалните признанија, Лионел Меси. Мајката на Роналдо доби прашање како изреагирал нејзиниот син на освоените „Златни топки“ од страна на Меси, а наместо Долорес, ова прашање го одговорила сестрата Катја.

– Во нашата куќа не се изговара името Меси, не смее да се зборува за Меси. Кристијано знае дека позади овие врати го чека само мир. Кога тој ја затвора вратата од оваа страна, тој тука се чувствува заштитен. Ова е местото каде што ги полни батериите и таквите теми секогаш се избегнуваат, – открива сестрата на најголемата ѕвезда на Реал.

Извор: Дерби.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -