fbpx
15 C
Skopje

„Шпигел“ тврди: Роналдо силувал девојка и ја платил за да молчи

АКТУЕЛНО

Германскиот реномиран весник „Шпигел“ излезе со тврдења дека најдобриот фудбалер на светот, Португалецот Кристијано Роналдо силувал 20-годишна девојка во Лас Вегас, а потоа и платил за да таа молчи.

Според „Шпигел“, Роналдо на 13 јуни 2009 година силувал 20- годишна девојка во Лас Вегас во својот апартмант, а потоа платил 375.000 долари за да ја замолчи. Весникот наведува докази дека Роналдо со жртвата се договорил на 12 јануари 2010 година, а договорот го потпишал  неговиот адвокат Карло Осорио де Кастро.

Девојката се согласила на договорот под еден услов – Роналдо морал да го прочита нејзиното писмо напишано на шест страници во кое таа ги опишува своите чувства и повредите со кои се здобила. Девојката наводниот напад тој ден го пријавила во полиција, но во телефонскио разговор не го именувала Роналдо туку само рекла дека се работи за јавна личност и познат спортист.

По договорот со португалскиот фудбалер, таа одлучила да ја повлече пријавата, а на неговите адвокати им ги доставила и имињата на сите со кои разговарала за наводниот напад и со писмена изјава се обврзала дека ќе ги уништи сите докази.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -