fbpx
17.8 C
Skopje

Сите се среќни освен таткото на Пријовиќ, кој не сакал пејачката да остане бремена, еве зошто

АКТУЕЛНО

Александра Пријовиќ е во вториот месец од бременоста, па членовите на нејзиното семејство се многу среќни поради убавите вести.

Сите од семејството Живоиновиќ од секогаш ја ценеле Александра бидејќи својата кариера ја граделе сама, а Лепа Брена и мајката на Филип се надевале дека таа после свадбата ќе остане бремена.

Дури и Стефан и Виктор, браќата на Филип повеќе пати коментирале дека тие двајцата ќе го имаат најубавото бебе.

Сепак таткото на Александра, Неделко, смета дека пејачката е премногу млада да биде мајка и дека има време за бебе, додека мајка и Борка посакала таа што побргу да затрудни.

Александра Пријовиќ не престанува да ги полни насловните страни на весниците, посебно откако официјално потврди дека таа и сопругот Филип Живоиновиќ очекуваат принова. Меѓутоа тајните на Пријовиќ од минатото конечно испливаа на површина.

Имено Александра денеска е една од најголемите ѕвезди на српската естрада, но ретко кој знае дека кариерата ја започнала на 13 години, под сосема друго име.

Таа тогаш се претставувала под името „Any“ и изгледала сосема поинаку. Ги снимила нумерите „Мајко“ и „Боли секој твој збор“, но вистинскиот успех го доживеала дури после учеството во музичкиот натправар „Ѕвездите на Гранд“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -