-5.2 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

Вонредна викенд временска прогноза на Славчо Метеомакс: Нема спас од дождот

Овој викенд колку толку времето ќе не послужи за разлика од изминатите денови, стои во временската на Славчо Поповски.

До крајот на денешниот саботен ден времето во државава ќе биде сончево, топло и спарно со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Сепак особено во попладневните часови особено на југот и на западот од државава ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи и тоа претежно на планинските места но и на оние места кој се во близина на планините, сепак ова нема да биде ништо посебно.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Недела ни носи сончево, топло и спарно време со мала до умерена а попладне и умерена локална облачност кога на планинските места ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд и ретки грмежи и тоа особено на западот.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 28 до 35, 36 степени.

поврзани објави

Последни објави