fbpx
18 C
Skopje

Спасовски: Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите за мандатот за состав на Влада (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Битиќи: Нема да се дозволат свадби. Немам храброст да одам против препораките на комисијата

Откако неколку дена угостителите кои организираат свадби, ноќните клубови и музичари протестираат поради забраната за работа, вицепреммиерот за еркономски прашања Фатмир Битиќи кажа дека...

Спасовски: Во ваква ситуација нормално беше секој да е гневен

Во моментот Сашо Мијалков е на издржување на мерката домашен притвор во неговиот дом. Тој овие денови не ја напуштил државата и цело време...

Сите мислеа дека побегнал а Мијалков се појави: Вели се изолирал поради температура

Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура. Тој замина...

Тв21 открива со кого бил последен пат Мијалков пред да стане недостапен за МВР

Ивица Коневски, еден од предводниците на иницијативата за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ е последниот човек со кој се сретнал Сашо Мијалков пред да стане...

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, по денешната средба со Алијансата за Албанците, во изјава за медиумите рече:

„Денеска остваривме една средба со претставници на Алијансата на Албнаците и разговаравме за актуелните теми во Македонија. Пред се, разговаравме за иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за потребите на граѓаните, за остварувањето на националните интереси на Македонија, пред се членството во НАТО и ЕУ, економскиот развој и подобрувањето на животот на граѓаните на Република Македонија.

Исто така, разговаравме и околу декриминализацијата и принципот на едно општество, генерално, за принципите кои ги застапуваме и за кои се залагаме и секако разговаравме и околу принципите за формирање на парламентарното мнозинство во Собранието, што ќе придонесе за промена на власта, но ќе придонесе и за реализација на сите принципи за кои разговаравме денеска на оваа средба“ изјави Спасовски и остави простор за новинарски прашања.

Кога ќе ги добиете потписите од Алијансата, бидејќи тие не ги условуваат со нови законски решенија?

Ние генерално разговаравме за принципите и очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за да може да го земеме мандатот за состав на влада.

Дали има сигнали од ДУИ, поточно за законот за јазиците бидејќи вие ги пративте забелешките?

За тоа се разговара се уште, кога ќе имаме генерално затворени прашања или конечни ставови по однос на предлозите, тогаш ќе ве инфомираме.

Дали употребата на албанскиот јазик во судските процеси е најважното прашање?

Разговараме околу ставовите и предлозите кои ги имаат и едната и другата политичка партија, кога ќе бидат услогласени ќе добиете информација.

Ќе имате наредна средба со Алијансата или оваа е последна?

Кога и да имаме потреба. Како сериозни луѓе, како партнери, како луѓе кои и мислат добро на Макеодонија, ние сме подготвени да разговараме во секој момент.

Кои се конкретните забелешки на предлог-законот од ДУИ?

Во врска со предлог законот, реков дека сите одговори ќе ги добиете тогаш кога ставовите на СДСМ и ДУИ ќе бидат усогласени.

Има ли приближувања?

Се уште разговараме за приближување и затворање на сите предлози и принципи кои ги имаме во однос на ова прашање

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Битиќи: Нема да се дозволат свадби. Немам храброст да одам против препораките на комисијата

Откако неколку дена угостителите кои организираат свадби, ноќните клубови и музичари протестираат поради забраната за работа, вицепреммиерот за еркономски прашања Фатмир Битиќи кажа дека...

Спасовски: Во ваква ситуација нормално беше секој да е гневен

Во моментот Сашо Мијалков е на издржување на мерката домашен притвор во неговиот дом. Тој овие денови не ја напуштил државата и цело време...

Фуфо: Во коцката губиш свои пари, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното, односно семејството

Љупчо Николовски – Фуфо во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 раскажа за своето минато поврзано со коцкањето ио лихварството. На прашање за тоа колкави...

Сите мислеа дека побегнал а Мијалков се појави: Вели се изолирал поради температура

Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура. Тој замина...

Еве KAKO MИЈАЛKOВ ја надмудрил полицијата: Телефонот бил дома, а тој патувал во непознат правец

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не бил во неговиот дом на Водно кога полицијата вчера попладне пристигнала за да му врачи решение...
- Advertisement -