fbpx
-5 C
Skopje

Таравари до Заев: Ниту Албанците, ниту Македонците те сакаат! Ахмети ти подготвува политички погреб..

АКТУЕЛНО

Венко не спие: Доцна во ноќта ги сподели најновите резултати за Ковид-19 за изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп...

СДСМ: Штип ќе биде во сигурни раце

Штип ќе добие градоначалник со полн легитимитет на целосно безбедни избори за здравјето на граѓаните и за сите учесници во изборниот процес. Штип...

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, со писмо му се обраќа на премиерот, Зоран Заев, и му порачува дека ДУИ е „лошо друштво“ за него. Како што вели писмото му го упатува како на премиер, но и како на човек.

„Зоране, како прво, до 27 април 2017-та се боревме против истите идеолошки непријатели, тие беа Груевски-Ахмети. Според твоите храбри пријави, до некаде сфативме дека биномот Ахмети-Груевски (не сакам да кажам ДУИ и ВМРО, бидејќи има невини луѓе на двете страни), значи сфативме дека овој бином не беше само идеолошки против нас, туку од “бомбите” што ги објави, сфативме дека тие се вмешани и во тешки злосторства против човештвото, инскенирајќи лажни судења, правејќи економски масакр!

Така да, во страшната ноќ од 27 април, каде што претседателот на мојата партија Зијадин Села го ризикуваше животот покрај тебе, јас и илјадници Албанци бевме подготвени да ти излеземе во пресрет и тебе кој што беше исто така под закана!

Значи, ти беше човек кој, без разлика на етничката припадност, Албанците се наредија на страната на добрите!

Но, ти имаше ужасен услов да ја преземеш власта, требаше да соработуваш со еден од виновниците кои сам ги пријавуваше, со Ахмети! Ахмети и ДУИ кои што везден ги нарекуваше Виновници, за кои што велеше дека има прислушкувани разговори кои лошо ги обвинуваат, токму нив!

Тука, според тебе, започна Политиката, а според мене, тука започна Лицемерието!

Ти ја делиш власта со оние кои учествуваа на политичкиот погреб на нивниот партнер, а сега почнуваат да го подготвуваат, според мене, твојот! Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците!

Ова е тешка изјава и жалам за ова, но зборувам барем за 100 илјади луѓе од Гостивар!

Според условите на маса, ДУИ бараше Бејта да победи во Гостивар. Но, народот не се согласи со ова барање на ДУИ, Бејта изгуби!

Сега, почитуван Зоране, кажи ми:

Се остава ли град со 100 илјади жители без буџет за атер на ДУИ ?!

Му се доделуваат ли на еден град вкупно 1000 евра за цела година за култура?! Дури и во Африка да се наоѓавме, ќе направеше нешто УНЕСКО и ќе бевме заштитени!

Се давиш во диктаторски скандали, бе Заев! Едно време мислев дека си фер! Вака како ја тераш, создаваш 100 илјади непријатели?!

Деновиве очекувам сите надлежности од областа на образованието, од Општина Гостивар да ги пренесеш на централната власт! Срам и брука! Што ќе им кажеш на Европа и Америка, што одиш против нивните стратегии?!

Те зема на шија ДУИ!

Знаеш што вели народот за тебе?!

Вели дека си на добар пат да станеш нов Груевски! Но не си. Јас сум невролог и многу сум ја проучувал човечката личност и ти не си како Груевски, но опкружен си со погрешни луѓе и ризикуваш да станеш! Во моментов одиш само надолу и надолу!

Зоране, те потсетувам дека работиш како премиер на државава, затоа стави прст на глава и немој да бидеш како Груевски! Што правиш вака? Ти како да играш оксан, а плочки се жителите на Гостивар! A воедно се земаш себеси на шија!

И на крајот, почитуван Зоран:

Функцијата премиер ти ја довери народот, не се поигрувај со неа! Особено сега е многу опасно за судбината на државата да се поигруваш со народот!

Поздрав од Гостивар!

Арбен Таравари

Градоначалник на општина Гостивар.“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Повреда при раѓање му ја парализирала раката на малиот Михаил, за лекувањето потребни 15.000 евра

Повреда при раѓањето на третото дете им го промени текот на животот. Семејството Ристоски од Тетово речиси две години во потрага на лек за...

Венко не спие: Доцна во ноќта ги сподели најновите резултати за Ковид-19 за изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп...

Мицкоски најавува блокaда на Скопје: Колку е паметно да се одржуваат протестит за време на пандемија?

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протести со движење на колони возила низ улиците на 11 градови во државата против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата,...

Поради неговата сопруга била напишана песната „Македонско девојче“: ТАЖНА ВЕСТ – почиna зетот на пејачката Виолета Томовска

Зоран Росоманов, зетот на македонската фолк-легенда Виолета Томовска почина од последици на ковид-19. За сопругата на Зоран, Невенка, е испеана легендарната песна „Македонско девојче“....

Зад себе има два неуспешни брака: Колку тежи познатиот актер од Истанбулската невеста

Како што ви е веќе познато Оскан Дениз го глуми Фарук од хит серијата Истанбулската невеста. Оскан е роден во Анкара на 19ти Мај...
- Advertisement -