20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Биткоин се враќа: Таинствен инвеститор вложи стотици милиони долари во криптовалутата

Најпознатата криптовалута речиси двојно ја зголеми вредноста на поовеќе 11.000 долари, откако во почетокот на месецот падна на 6.000 долари.

Вредноста на биткоин вчера се подобри на 11.328 долари, поттикната од информацијата дека таинствен инвеститор купил биткоини во вредност од 344 милиони долари меѓу 9 и 12 февруари.

Оваа инвестиција следеше по големото распродавање што збриша повеќе од 50% од вредноста на криптовалутата на берзата, поттикнато од шпекулациите дека ќе следи засилена регулација на дигиталните валути, како и поради предизвиците поврзани со безбедноста на криптовалутите.

Вредноста на биткоин падна од 20.000 долари колку што изнесуваше во екот на популарноста во декември, на 6.000 долари на 4 февруари. Меѓутоа, по веста за рекордното купување, и други инвеститори почнаа пак да вложуваат во криптовалутата.

Повеќе од 80% од криптовалутите добија на вредност на денешното тргување на берзата.

поврзани објави

Последни објави