fbpx
36.8 C
Skopje

Трамп: Произведувајте во Америка или ќе плаќате скап граничен данок!

АКТУЕЛНО

Новоизбраниот претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп сруши уште еден рекорд. Имено, новоизбраниот претседател уште пред стапување на својата функција и должност, е криткуван од најтешката артилерија на неговите противници, кои досега ја водеа економијата на една од најмоќните држави во светот.

Во интервју за германскиот весник „Цајт“ еден од највлијателните во денешниот свет на економијата, г. Лари СамМерс, поранешен главен економист во Светска Банка, Секретар на Трезорот (министер за финансии) кај претседателот Клинтон и директор на Националниот економски совет на претседателот Обама, отворено ја обвини идната администрација на САД, за „репресија над бизнисот“, преку непринципиелна политика на интервенција, која сака да воспостави договорна економија. Станува збор за советите од новоизбраниот претседател Трамп кон конкретни компании, меѓу кои и американските компании (автомобилскиот гигант „Форд“) и кон странските (јапонскиот титаниум „Тојота“)

„Произведувајте во САД или ќе плаќате поскап граничен данок“, рече Трамп.

Засега никој од екипата на Трамп не објасни што точно ќе претставува т.н. гранична такса која беше клучна и често користена фаза во предизборната економска реторика.

Останува да го почекаме влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа и да видиме на дело што точно ќе значат новите мерки за американскиот народ, предвидени во неговата изборна програма.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -