fbpx
11.8 C
Skopje

Меркел по нападот во Берлин сака што побргу да ги депортира барателите на азил

АКТУЕЛНО

Германскиот канцелар Ангела Меркел во текот на вчерашниот ден најава што е можна побрза депортација на баретелите на азил на кои што им е одбиено барањето. Сето тоа доаѓа како одговор на терористичките напади во Берлин во пресрет на Божиќ.

„Ужасните напади во Берлин не обврзуваат нас да не застанеме само кај најавата за остри мерки, туку да пратиме јасна порака“, изјави Меркел на годишниот конгрес на Сојузот на германските државни службеници (ДББ) во Келн.

Таа најави дека една од најважните работи во идниот месец ќе биде протерување на они кои во Германија престојуваат безправно.

„Каде што постојат закони тие и мора да се применуваат. Они кои уживаат во дологорочен перспекитвен престој во Германија треба што побргу да се интегрираат, а на они на кој не им е потреба заштита, треба што е можно побрзо да ја напуштат нашата држава“, заврши Меркел.
 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -