fbpx
24.8 C
Skopje

ТРАМП СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ: Забрани влез во САД на муслиманите од овие 7 држави

АКТУЕЛНО

Откако во Средата го потпиша указот за изградба на ѕид на границата со Мексико, Доналд Трамп би можел да потпиша уште еден, најверојатно во Четврток, што би значело блокирање односно забрана за влез во САД на државјаните на седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен, пренесуваат хрватските медиуми. Исклучок се само лицата кои поседуваат дипломатски визи и соработниците на меѓународните заедници.

Декретот предвидува и дополнителни проверки и испитувања на имигрантите пред да им се одобрат визи, со цел да им се оневозможи влезот на радикалните исламисти.

„Сакаме да бидеме сигурни дека во нашата земја не влегуваат овие луѓе против кои се борат нашите војници во странство“, истакна Трамп.

Си-Ен-Ен пишува дека оваа наредба најверојатно е само прв чекор кон етаблирање поширока забрана.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -