fbpx
24.8 C
Skopje

Циклонот Глорија денес ќе ја покаже силата – не очекува уште пострашно невреме

АКТУЕЛНО

Вистинскиот циклон Глорија беснее ширум Балканот поточно во источна Хрватска, Босна како и на западот од Србија како и во делови од Косово па веќе и во поголем дел од држава каде имаме нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а регистрирана е и локална појава на град низ државава, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во наредните 40-тина часа циклонот Глорија ќе донесе многу нестабилно време над нашата територија па така времето ќе биде променливо и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Под влијание на циклонот Глорија во текот на денешниот ден (среда) ќе имаме променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер кој ќе бидат особено изразени доцна попладне и навечер кога особено во западната и југозападната половина на државава локално ќе има поинтензивни врнежи од дожд и локално се очекува да наврнат околу па и над 20 л/м2 воден талог за кратко време а не се исклучува можноста локално низ државава процесите повторно да бидат застапени во форма на невреме проследено со силен ветер, електрични празнења, интензивен пороен дожд и услови за појава на град.

Како што стои во временската на Славчо Поповски, македонскиот метеопрогнозер, максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Нестабилното време ќе продолжи и во текот на следниот период што значи влегуваме во нов нестабилен период.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења и силен ветер на граѓаните ги советуваме да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и да внимаваат каде се движат во случај на појава на силен ветер и каде ги ставаат своите автомобили (односно истите да не бидат во близина на дрвја).

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -