13 C
Skopje

Турците си го избраа Ердоган за Султан

АКТУЕЛНО

И Апасиев се огласи за Палчо: Ќе формираме наша црвена милиција

По немилиот настан со Љупчо Палевски – Димитар Апасиев се огласи на фејсбук: Ја не се сеќавам у време на Грујо вака со шипки и...

Груби со најава: Владатa ќе разгледа дали да субвенционира вработување на албанците и граѓани од други помали етнички заедници

Во синоќешното гостување емисијата „Клик плус“, вицепремиерот Артан Груби најави дека Владата ќе ја разгледува можноста за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработат...

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Пишува: Стојан Глаушев

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган победи со „тесна“ разлика за широки овластувања. Неубедливата победа на референдумот изразена во 2-3 проценти разлика, покажа дека Турција е длабоко поделена. Од едната страна се Турците, кои во ликот на Ердоган го гледат „султанот“, што ќе стави крај на огромното влијание на воените, во државните работи, а од другата страна се „кемалистите“ и луѓето од големите градови како Истанбул и Измир, кои веќе сфаќаат дека во рацете на претседателот се концентрира преголема власт.

            Со референдумот за проширување на претседателските овластувања веќе јасно се гледа намерата на Ердоган, да биде едноличен господар во Турција, кој парламентот ќе го користи само како декор за своите „игри“ и активности. Слична ситуација има и во Русија, со таа разлика, што таму лидерот со челичната тупаница секогаш бил подобриот избор уште од времето на Јосиф Висарионович Џугашвили- Сталин. Во Турција после ерата на Ататурк и Ињоњу тоа не е така, бидејќи армијата на неколку пати ја покажа својата супериорност во однос на државниот врв и политичката елита. Последниот опит за воен преврат (фингиран или не) се случи во јули минатата година. Според многумина странски експрерти обидот за преврат, му даде одврзани раце на Ердоган да ги расчисти своите стари сметки со неговиот поранешен поддржувач и денешен жесток критичар, влијателниот исламски проповедник Фетулах Ѓулен.      Со победата на референдумот, Ердоган доби уште една битка во војната против Ѓулен, но постои многу голема веројатност таа победа да се претвори во пирова, за Турција како единствена држава. Поделбата е повеќе од видлива и Ердоган веќе не е оној харизматичен лик од крајот на 90-тите и почетокот на новиот век, против него гласаа речиси половината Турци, тие во Турција и тие во дијаспората. Опозиционата кемалистка Народнорепубликанска партија и прокурдската Народнодемократска партија објавија дека ќе бараат ревизија на резултатите од референдумот. Самиот факт дека референдумот се организираше по само 9 месеци од неуспешниот воен преврат, кажува дека многу тешко може да се дојде до некаква промена на моменталната ситуација. После огромниот број уапсени високи офицери од армијата и голем број неудобни судии и обвинители, многу мала е веројатноста барањата на опозицијата да бидат прифатени.

            Народот одбра и Ердоган врви кон исполнувањето на својот сон, да стане едноличен „господар“ на Турција. Во внатрешно политички план ситуацијата е јасна. Опозицијата е на пат да се претвори во мало кученце, кое лае, ама никој не му обрнува внимание, бидејќи после референдумот реално нема да има скоро никакви лостови за влијание.  Во однос на меѓународната положба на Турција, ситуацијата веќе довива уште по чист вид. Турција се доближува до Русија и ќе и каже не на европската перспектива. За да го затврди овој факт и за да покаже дека ќе делува одлучно, Ердоган веќе го најави и предлогот за враќање на смртната казна во Турција. Тоа автоматски значи дека турскиот претседател е цврсто решен да ја затвори европската врата за Анкара, барем на одредено време (наредните 10-12 години).

            Преголемата концентрација на власт во рацете на еден човек, секако ќе удри врз демократијата во Турција, тоа е неминовно. Неможе претседателот да има право да именува министри и да го распушта парламентот кога ќе посака, без разлика на причините и тоа да оди во чекор со основните демократски вредности.

            Инаку токму со овој референдум во Турција се покажа дека и демократијата ги има своите слаби страни. Демократијата е единстената форма на државно уредување, која може самата себе да се укине и да се претвори во тотална спротивност, например диктатура. Времето ќе покаже што ќе се случи со Турција во следните неколку години. Едно нешто е сосема јасно, Турција на Кемал Ататурк веќе на постои. На повидок е Турција на Султан Ердоган, ама народот така одбра па макар и со тесна разлика. Народот е секогаш во право, дури и тогаш кога греши, сигурно ја помните таа паметна изрека на еден „државник“ од нашето поднебје. Дали згрешил турскиот народ останува да видиме. Наше е да им го честитаме новиот султан- Реџеп Таип Ердоган.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Владата продолжување со креирање на мерки: Платежни картички за пензионери, невработени и самохрани родители

Владата предводена од СДСМ и во новиот мандат продолжува со креирање и реализација на мерки, со кои им помага на граѓаните и на компаниите...

ВИДЕО: Бизарен тренд се шири на „ТикТок“, лекарите вознемирени

На социјалната мержа „ТикТок“ се појави нов бизарен тренд – децата се снимаат како ги стругаат забите со турпија за нокти, а потоа видеата...

Временска прогноза: Следуваат пониски утрински температури

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почесто во северните делови и попладне. Претпладне особено во јужните делови ќе има услови за краткотарен...

Ковачев: Македонија се држи до системот на диктатура на Тито

Во Договорот стои дека заедничката Комисија треба да работи врз основа на факти, а не врз мислење и тука да се зема во предвид...

Врие од полиција – МВР ја бара Горде, здувна ли?

Новинарот Фуркан Салиу вечерва сподели интересен фејсбук статус во кој вели МВР многу по внимателни со Јанкуловска. Патроли поставени на секој излез во зградата кај...
- Advertisement -