fbpx
23.8 C
Skopje

Учителка за пример преку писмо објаснува зошто нема да им дава домашна работа на учениците

АКТУЕЛНО

Писмото на учителката Бренди Јанг до родителите на учениците од нејзиното одделение ќе ве одушеви и ќе ви покаже дека низ светот има личности кои размислуваат „надвор од кутијата“.

Во него, позитивната жена ја објаснува својата нова политика на работа преку школската година и образложува зошто нема да им дава домашна работа на своите ученици.

Бренди наведува дека по долго истражување, дошла до заклучок дека постојат многу поважни нешта кои влијаат на успехот на децата од пишувањето домашни задачи.

Прочитајте го текстот:

НОВА ПОЛИТИКА ЗА ДОМАШНАТА РАБОТА

Драги родители,

По долго истражување во текот на летото, испробувам нешто ново. Домашната работа ќе се состои само од задачите кои вашиот ученик не ги завршил во текот на училишниот ден. Нема да има формално зададена домашна работа оваа година.

Истражувањата не успеваат да докажат дека домашната работа ги зголемува постигнувањата учениците. Би ве замолила да ги минувате вечерните часови, правејќи нешта кои докажано придонесуваат за успехот на учениците. Вечерајте заедно како семејство, читајте заедно, играјте надвор и легнувајте го вашето дете рано.

Ви благодарам,

Госпоѓа Бренди Јанг

Писмо
Откако една мајка го објави писмото на Facebook, тоа стана хит на социјалните мрежи и доби многу позитивни коментари. Досега, писмото е споделено повеќе од 73 илјади пати.

Бренди Јанг е учителка во основно училиште во Тексас.

Brooke is loving her new teacher already!

Posted by Samantha Gallagher on Tuesday, August 16, 2016

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -