fbpx
18 C
Skopje

Уште шест држави влегуваат во СЕХА лигата

АКТУЕЛНО

СЕХА лигата се покажа како одлично организирано натпреварување, поради што огромен број на држави односно клубови покажуваат интерес за учество во иднина.

Главниот спонзор „Газпром“ дозволи лигата да застане на цврсти нозе, па тимови од Турција, Израел, Чешка, Русија, Романија и Србија посакуваат во иднина да бидат дел од ова натпреварување.

„Повеќе земји посакуваат да бидат дел од СЕХА лигата, со што се гледа дека одлично напредување. Сега имаме тешка одлука, да одлучиме што ќе правиме во иднина“, истакна претседателот на лигата, Михајло Михајловски.

Тимови кои оваа сезона беа дел од Лигата на Шампионите, Бешикташ и Чеховски Медведи, како и Макаби од Изреал посакуваат да бидат дел од СЕХА лигата, а притисок има и од српска страна кои во минатото беа дел од ова натпреварување.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -