fbpx
19.8 C
Skopje

Ванковска: Небаре Егејците доброволно се населиле во Македонија за да му го нарушат соживотот на кутриот милионер Трифун Костовски

АКТУЕЛНО

Универзитетската професорка Билјана Ванковска на својот ФБ профил со остри критики за излагањето на Трифун Костовски на ТВ21, нарекувајќи го „национална брука“.

„Срамота! Каква национална брука е овој човек! Небаре Егејците доброволно се населиле во Република Македонија за да му го нарушат соживотот на овој „кутар“ милионер! Да, Македонците во соседните земји водат тешки битки за своите малцински права во државите чии граѓани се – и за тоа секоја им чест!

Но, да ги делиш македонските државјани по местото на потекло (по дедовци и прадедовци) е дискриминација за која немам зборови, еднакво лоша како да делиш крвни зрнца и определуваш ДНК на другите националните групи во земјата, која е наша заедничка! (Доцна реагирам, бидејќи дури сега го видов. Не можам веќе да следам секоја будалетинка што кажува во ТВ дебати!)“, пишува Ванковска.

https://www.facebook.com/nedelnikrepublika/videos/1365748420112446/

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -