14.8 C
Skopje
Sunday, March 16, 2025

Фасада – е тоа е оваа влада: Остри критики од Баша до Рама

Претседателот на најголемата опозициска албанска Демократска партија, Љуљзим Баша со остри критики за енормното трошење на албанскиот премиер Еди Рама.

Тој изјави дека целата влада на чело со премиерот Еди Рама е како фасада.

Како што пренесува „Albanian Daily News“, потрошени се 500 милиони евра за фасадни проекти и реформи.

“Фасада – е тоа е оваа влада. Економијата на земјата е уништена, земјоделство едвај постои. Фасадна демократија, фасаден парламент, фасадно управување и сега сакаат само фасадни избори“, рече Баша.

Тој го обвини премиерот Еди Рама за плаќање големи суми на пари на непознати лица, за како што вели, пропаганда на неговата влада.

„Но, Фасадата ќе падне, бидејќи граѓаните веќе ја преземат во свои раце својата иднина“, убеден е опозиционерот

поврзани објави

Последни објави