fbpx
6.8 C
Skopje

Велигденскиот одмор не им помогна на пратениците – денешната расправа со исто темпо и навреди

АКТУЕЛНО

Велигденските празници и петдневен одмор не им помогнаа на пратениците. Напротив, тие денеска продолжија со исто темпо, со исти навреди, со реплики и контра – реплики во кои се слушаа истите обвинувања.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжија да си реплицираат самите на себе, повторувајќи ги истите тези и надополнувајќи се едни со други. Дали постои документ скроен во друга држава, дали е прифатен или не е прифатен, колкав е стравот од неговото прифаќање, дали ќе има или не двојазични пари, дали ќе се промени химна, знаме или грб. Сето ова можеше да се слушне во репликите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Во целата расправа, исто како и претходно, се изгуби вистинската причина, зошто всушност се заседава. Во самата дискусија никој не го спомнува изборот на претседателот на комисијата за избори и именувања, што е всушност на дневен ред.

Пратениците се надмудруваат и се обвинуваат кој повеќе украл, кој повеќе си ја сака државата и кој е поголем патриот.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -