fbpx
19 C
Skopje

Велика Британија со поддршка за БиХ на нејзиниот европски пат

АКТУЕЛНО

Велика Британија ја поддржува Босна и Херцеговина во нејзиниот европски пат повеќе од 20 години и ќе продолжи да го прави тоа и по Брегзит, изјави британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во интервју за „Еуроблиц“.

„Подобрувањето на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан за нас е приоритет“, рече Џонсон, истакнувајќи дека официјален Лондон е загрижен за влијанието на екстремизмот во Босна и Херцеговина.

Тој посочи дека евентуален референдум за едностраното отцепување на Република Српска би бил неуставен и би бил прекршување на Дејтонскиот мировен договор.

„Сакаме силна и успешна Република Српска во составот на една силна и успешна Босна и Херцеговина, а за Милорад Додик европските врати се отворени“, изјави Џонсон.

Ќе продолжиме да соработуваме со Владата на Република Српска во борбата против екстремизмот и организираниот криминал, како и за подобрување на бизнис средината, посочи Џонсон во интервјуто за Еуроблиц.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -