fbpx
18.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Борисов: Тодор Александров може да биде причина за радост и во Скопје и во Софија

АКТУЕЛНО

„До сега години по ред темата „историја“ се спори,ние треба да видиме кои празници се општи, за да можеме, наместо да се караме, да се радуваме и од едната и од друга страна на границата. Тодор Александров може ли да биде причина за радост и во Скопје и во Софија? Според мене може. Дури и Вапцаров,“ рече Борисов.

„Ако сакате може да се караме на таа тема. Имаме доста луѓе и во Бугарија и во Македонија кои имаат остар јазик. Но со тоа нема мрдање напред. Јас сум добронамерен човек и навистина ве сакам Вас, Македонците како народ. Ние немаме поблизок народ од Македонскиот. Ние сакаме да го отвориме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Националистичките чувства ништо добро не носат на крај, ниту за едните, ниту за другите,“ рече бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на македонскиот премиер на официјална Софија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -