fbpx
10.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Драма во Лондон, Симеоне полуде: Судијата го уништува Атлетико на „Емирати“

АКТУЕЛНО

Вистински драми се случуваат на „Емирати“ во Лондон на првиот меч од полуфиналето во Лигата на Европа помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид.

Францускиот судија Клемен Турпин во втората минута од натпреварот му покажа жолт картон на Шиме Врсаљко, а во 11. минута, по стартот над Лаказет и вториот, поради што мораше да го напушти теренот

 

Само две минути подоцна на трибините мораше да се пресели и тренерот на Атлетико Диего Симеоне кој полуде поради одлуките на судијата. Тренерот на Атлетико протестираше што судијата не му покажа ниту жолт картон на Ектор Белерин за жестокиот старт од зад грб. Аргентинецот дивееше крај аут-линијата, го пцуеше судијата, па не остана ништо друго освен да се преели на трибините, одлука која навивачите на Арсенал ја дочекаа со огромно задоволство.

Поради неговите протести, Турпин го исклучи, па мадридскиот тим се најде во мошне тешка ситуација во првиот меч од полуфиналето.

Прочитајте го целиот напис на изворот Sportclub.mk – ОВДЕ 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -