11.8 C
Skopje

ВИДЕО: Изгледа неверојатно – цело село во Швајцарија ќе биде претворено во хотел

АКТУЕЛНО

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Бочварски: Даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија

Во контекст на проблемот со Бугарија, сметам дека во делот на инфраструктурата треба ние да развиваме што е можно посилни и појасни врски помеѓу...

Мало живописно село Корипо, во долината Верзаска, во швајцарскиот кантон Тичино, претставува една од најмалите општини во таа земја, која ја населуваат само 12 жители.

Некогаш тоа беше просперитетна заедница, но како и многу алпски села, доживеа опаѓање, кога младите генерации почнаа масовно да се селат во градови во потрага за подобри социјални, образовни и бизнис можности.

Преостанатите мештани се борат да го зачуваат своето место од изумирање, претворајќи го селото во сезонски хотел. Корипо се наоѓа на југ во Швајцарија, во еден кантон, каде официјален јазик е италијанскиот.

Иако селото денеска има само 12, во главно постари жители, од кои повеќето се пензионери, тие сите напорно работат за да му обезбедат иднина на ова место.

Корипо во 1975 година освои европска награда за заштита и зачувување на спомениците и културното наследство. Наградата ги охрабри жителите да основат Корипо фондација, која денеска се занимава со зачувување на наследството, настојувајќи на местото да му се обезбеди иднина, претворајќи го во единствен туристички проект во тој регион.

Проектот под назив „Albergo Corippo“ е инспириран од сличен концепт на таканаречени расфрлени хотели, и веќе е применет во некои делови од Италија, но никогаш досега во Швајцарија.

Фото

Идејата за претворање на цело село во хотелски комплекс подразбира дека ресторанот на главниот плоштад ќе се префрли во рецепција.

Самиот плоштад ќе биде некој вид на фоаје од каде од улиците – „ходниците“ ќе се стигнува до една од 60 камени куќички кои ќе се претворат во хотелски соби, уредени во автентичен локален стил.

Понатамошните планови предвидуваат претворање на тие куќи во градски, како и претворање на локалните цркви во места каде ќе се собираат луѓето под отворено небо, воведување на услуги за превоз и туристички тури за разгледување на околината, посета на музеи, како и часови по готвење.

Ако се остварат почетните планови, во план е и реконструкција на останатите објекти, како што се старата пекара и селскиот млин.

Проектот на мештаните на ова село за негово оживување доби „Награда за иновација“ од страна на швајцарското здружение на угостители, како и поддршка од туристичката организација во Тичино како совршено место за дигитална детоксикација.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

СРУШЕНИ ЦРНИ РЕКОРДИ: Нови 5.067 лица се новозаразени, 38 пациенти почиnaa, се поголем број пациенти на респиратори во Србија (Фото)

Во последните 24 часа во соседна Србија се тестирани над 15.000 граѓани од кои дури 5.067 лица се позитивни на Ковид-19. Нажалост почиnале дури...

Министерството ги сподели резултатите: Проверете дали сте добитник на парична помош за стипендиите за средношколци

Министерството за образование и наука објави резултати од неколку конкурси за доделување стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во земјава за...

Јоци: Kој сè ќе му забие ножиња на Мицкоски

Кој сè ќе му ,,забие" ножиња на Мицкоски, кој нема никаква контрола врз партијата? Амбиции има #Николоски, најблиску е до тронот, а мора...

Нема да има повеќе автомобили со бугарски таблички во Македонија

Она што се шушка веќе долго време, најверојатно ке се протурка до крајот на годинава како закон. Имено, ке биде побарано од сите...

Заборавете на норвешките радијатори, со овој шведски изум заштедете и стоплете ја куќата (фото)

Ако ги послушате Швеѓаните, следните зими би можеле да плаќате значително помали сметки за струја. Имено, шведската компанија SolarTech која се занимава со продажба на...
- Advertisement -