8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Ја оставила својата ќерка дома и заминала да се забавува – не се вратила една недела

Бабата на детето раскажа дека секојдневно била во контакт со ќерката Марија на социјалните мрежи и дека таа и рекла дека и двете се „добро“. За тоа време, детето било заклучено во станот, а како што соопшти Рускиот истражен комитет, мајката и ја затворила дури и водата.

Во Кирово, во Русија, уапсена е 21- годишната Марија Пленкина, чија ќерка умрела од глад и запоставување откако таа ја заклучила во станот и ја оставила недела дена сама без вода и храна.

Несреќното дете, кое само што наполнило 3 години, го нашла бабата Ирина Пленкина (47), кога и го донела роденденскиот подарок. Веднаш повикала итна помош и полиција, но тие само на местото констатирале смрт.

Пленкина веќе два месеци е во притвор и против неа е покрената истрага поради „екстремно сурово убиство на дете“:

– Мајката на девојчето признала дека намерно ја заклучувала вратата од станот и заминала „лудо да се весели со друштвото“, се наведува во извештајот.

Мајката била отсутна недела дена – од 13. февруари до 20 февруари, а како што се дознава, со ништо не покажала дека се кае.

– Само ладнокрвно рекла: „Да, отидов, ја затворив водата и ја оставив без храна и вода“, пишува во извештајот.

Бабата не девојчето не може да поверува во тоа што се случило.

– Ме лажеше дека се е во ред. Ме лажеше за се. Само да забележав дека нешто не е во ред, би го зела девојчето кај себе… Се покажа дека е одлична актерка. Јас воопшто не ја познавам својата ќерка, рече Ирина.

поврзани објави

Последни објави