fbpx
-4 C
Skopje

(ВИДЕО) Заев: Го осудуваме обидот за државен удар во Турција и ги поддржуваме демократски избраните институции

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Премиерите на Република Македонија и Република Турција, Зоран Заев и Бинали Јилдирим одржаа заедничка прес конференција на којашто ги потврдија јавно заложбите за унапредување на економската соработка меѓу двете држави и зголемување на трговската размена на една милијарда евра.

-Ја искористивме приликата да побараме, Владата на Република Турција да размисли за овозможување квоти за Република Македонија, за извоз на телешко и јагнешко месо, како што е тоа овозможено за БиХ и Република Србија, соопшти на прес конференцијата премиерот Заев.

На почетокот на прес конференцијата премиерот Заев се заблагодари на поканата на премиерот Јилдирим за официјалната посета и оцени дека тоа е можност двете земји да го потврдат пријателството и да ја зајакнат соработката.

-Сакам да порачам дека со голема загриженост ги следевме трагичните настани на 15 јули 2016 година. Го осудивме обидот за државен удар и ги поддржуваме демократските избрани институции на Република Турција, рече премиерот Заев.

Во продолжение претседателот на Владата, Заев соопшти:

-Јас и премиерот Јилдирим и двете владини делегации, денеска разговаравме за интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Постои интерес од страна на компаниите од Турција за инвестирање во Република Македонија, посебно по стабилизацијата на политички план и отворените перспективи на нашата држава кон Европската унија и кон НАТО.

Благодарни сме на Република Турција за големата поддршка што ја дава оваа наша пријателска земја и на полето на инвестициите и за интеграциите на Република Македонија во НАТО.

И инвестициите и членството на Република Македонија во НАТО се важни за економскиот развој на нашата држава, како и за остварувањето на нашите стратешки цели и секој искрен пријател на Македонија е драгоцен, а посебно кога станува збор за традиционален, докажан пријател како што е Турција.

Договоривме дека силно ќе се заложиме за отворање можности, за унапредување на соработката и во сите други области коишто се од интерес на граѓаните на нашите две држави. Лоциравме дека во енергетиката, земјоделството, индустријата, градежништвото и инфраструктурата, но и во одбраната и безбедноста, постојат и интерес и потенцијали да се продлабочи соработката и на тоа ќе работиме во претстојниот период, рече меѓу другото премиерот Заев.

Тој на прес конференцијата упати отворен повик до инвеститорите од Турција:

-Уште еднаш и во оваа прилика ќе ја повикам бизнис заедницата во Турција, дојдете, запознајте се со новите услови и можности за инвестирање во Република Македонија, тие партнерства ќе бидат во интерес и на граѓаните на кои им се потребни нови вработувања, но и на придобивки на економски план, за двете држави, порача премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Турција, Бинали Јилдирим рече дека расте интересот на инвеститорите од Турција за инвестирање во Македонија. Тој додаде дека има можности за продлабочување на соработката до трговска размена од една милијарда евра. Исто така и дека Република Турција ја поддржува Република Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -