fbpx
7 C
Skopje

Вилма Рускоска: Нинџа и Кољо се организатори на упадот во Собрание

АКТУЕЛНО

Шилегов: Мементо парк за дислокација на спомениците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се...

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

„Нападите во Собранието ќе останат длабоко врежани во историјата на Македонија. Напаѓачите, кои денес се на обвинителната клупа, преку доказите ќе се види дека биле предводени од Александар Василевски-Нинџа и Никола Митровски- Кољо. Полицајците, пак, се поставиле на нивна страна.

Пратениците кои ги отворија вратите биле свесни дека напаѓачите ќе направат хаос со што тие ги погазија уставните начела и принципи. Групата „За заедничка Македонија“, пак, имала задача со потпалувачки говори да ја повикаат масата кон Собранието. Ова се само дел од воведните зборови на Основното јавно обвинителство во предметот за насилството во Собранието од 27 април минатата година.

На обвинителната клупа во судот денеска седнаа Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска – Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски. Триесет и еден од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека двајца за „помагање“.

Предметот го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска, која веќе закажа вкупно 37 термини за главна расправа.

По претпладневните процедурални обиди на одбраната за одложување на расправата се додека не се добијат сите доказни материјали и за издвојување на постапката за дел од обвинетите, во попладневниот дел обвинителката Вилма Рускоска даде детална хронологија на настаните од 27 април. Според обвинителниот акт, се почнало кога Благоја Василевски, телохранител на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во 14.39  часот од Виена телефонски му се јавил на својот брат Александар Василевски-Нинџа, а разговарале „за здравјето на нивната мајка“.

По овој разговор, Рускоска посочи, се органиизрала мрежата од насилници за упадот во Собранието. Нинџа и неговиот другар Никола Митревски-Кољо во ресторанот „Дион“ собрале група од 68 лица, на кои им поделиле фантомки и задачи. Оваа група со помош на пратениците, кои им ги отвориле вратите од Собранието, успеале да влезат и притоа од пратениците добиле насоки каде да се движат.

Според обвинението, актерот Владо Јовановски и оперскиот пејач Игор Дурловски со свои говори дополнително ја разгореле толпата која во голем дел влегла во Собранието.

Обвинителката Рускоска раскажа и како толпата се движела и кој се им помогнал да дојдат до прес-центарот каде се пресметаа со пратениците од парламентарното мнозинство. Притоа беше кажано и дека полицијата ништо не презела да ги спречи насилниците.

Обвинителката објасни и дека дел од обвинетите во прес-салата ги координирале останатите за физички да се пресметуваат со мнозинството. Таа истакна дека Игор Југ имал задача физичко да го елиминирал Заев што, според неа, ќе се докажело со изјави на сведоците.

Обвинителката нагласи дека постапката ќе докаже дека обвинението има за цел да се спроведе Законот. Судењето продолжува утре.

Извор: Сител

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Нема резултат состанокот на заедничката мешовита експертска комисија за историски и образовни прашања за спроведување на договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија

Нема никаков напредок во споровите со Република Македонија. Ниту вториот ден, од работата на зедничката мешовита експертска комисија за историски и образовни прашања, воспоставена...

Беше ѕвезда во Реал Мадрид и му предвидуваа голема кариера, сега прогласува банкрот

Кога во 2007 година тогаш 20-годишниот холандски фудбалер Ројсон Дренте потпиша за Реал Мадрид, многумина му предвидуваа голема кариера. Меѓутоа, Дренте не се наигра...

Зоран Заев се прости од Баге: ТАЖНА ВЕСТ – силно ме погоди веста за омилениот другар за неговите пријатели, Благоја Стефановски Баге

Премиерот Заев на својот фејсбук приофил се прости од поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге кој вчера...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ извика “да живее Зоран Заев”: Се огласи и Костадинов

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за надворешни работи, портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски направи лапсус и викна „Да живее Зоран Заев“. По...

Резултатите за изминатите 24 часа: Дури 2824 луѓе биле тестирани, позитивни се 1100

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56,...
- Advertisement -