fbpx
18.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС продолжува со незаконски именувања на непрофесионални и некомпетентни кадри

АКТУЕЛНО

„Владата на СДС продолжува со незаконски именувања на непрофесионални и некомпетентни кадри.

На незаконски и шверцерски начин Влада на СДС сака да протурка партиски војници кои немаат доволно компетенции да управуваат со сериозни институции. Тоа е и примерот со именувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, и предлогот на владата до собранието за нов директор за агенцијата за државни службеници.

Ниту еден од споменатите, и за оние кој согласно закон е предвидено задолжително познавање на јазик, нема приложено сертификат. Разрешувањата се направени без претходен оглас.

Пример за незаконско именување на некомпетентни кадри број еден. За нов Директор на Агенцијата за администрација Владата на СДС го предложи до собранието членот на највисокото тело на СДС Извршниот одбор Спасе Глигоров. Согласно член 16 став 1 директор на агенцијата за државни службеници не смее да биде лице кое е член на органите на политичка партија. Со неговото предложување владата на СДС го крши законот и наместо професионализација сака да спроведе груба партизација на администрацијата. Дополнително не постои никаков законски основ за отповикување на досегашниот директор согласно законот за државни службеници. Тука имаме случај кој е јасен 100 спрема 0.

Пример број 2. Вчера како партија го повикавме управниот инспекторат да реагира на случаите со незаконски именувања на непрофесионални и компетентни кадри. Наместо професионална реакција согласно закон, стигна одговорот на владата на СДС разрешувајќи го актуелниот директор и именувајќи друг, на тој начин дисциплинирајќи го органот кој е најповикан да реагира на ваквото самоволие на владата на СДС.

Пример број 3, Претседателот на општинската организација на СДСМ-Куманово, Мартин Костовски кој во алкохолизирана состојба нападна двајца трактористи кои беа дел од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ Владата на СДСМ го “награди” и именуваше за директор на Службен Весник, спротивно на законот.

Пример број 4. Дарко Каевски, подпретседател на СДММ, кој се фалеше колку бил пијан, вчера стана директор на Агенцијата за млади и спорт.

Почитувани, ова е доказ за самоволието на СДС. Нивната борба не беше за демократија и слобода, туку гола борба за фотељи. Овие кадри не може да донесат ниту просперитет ниту сигурност. Имаме еклатантно кршење на законите, и полнење со непрофесионални кадри, владата на СДС спротивно на закон предложи за директор член на највисокото партиско тело, како и низа други отстапки.

Очигледно нивната задача ќе бидат олеснување на државната каса, злоупотреби на овластувањата и партизација. Во оваа држава мора да важат законите. Апелираме веднаш управниот инспекторат и трудовата инспекција да реагираат на ваквите прекршувања“, изјави Емилија Александрова.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -