fbpx
12 C
Skopje

Во Грција неочекувано изненадување: суфицитот значително над целта

АКТУЕЛНО

Грција, според проценките на кредиторите од еврозоната, минатата година имала примарен суфицир меѓу 2 и 3 проценти од бруто домашниот производ (БДП). Тоа е значително над целта одредена во рамките на спасувачката програма и над претходната прогноза, изјави неименуван европски пратеник.

„Европската комисија и институциите сеуште ги проценуваат податоците и до сега изнесоа внимателна проценка на примарниот суфицит од меѓу 2 и 3 проценти од БДП“, изјави пратеникот за Ројтерс.

Тој, исто така, се осврна на приходите од постапката за приватизација во Грција, како приватизацијата на пристаништето во Солун и Атинскиот меѓународен аеродром, наведувајќи дека оваа година се очекуваат приходи од 2,4 милијарди евра, а во 2018 година приходи од 1,9 милијарди евра.

Пензиските реформи, кои грчката влада ги усвоила, би требало, според неговите зборови, да генерираат заштеда од 1,5 проценти од БДП до 2018 година и од 2,5 проценти од БПП до 2025 година.

Прашањето за примарниот суфицит на Грција веќе подолго време е причина за несогласувањата меѓу владата на еврозоната и меѓународниот монетарен фонд, кој смета дека суфицитот на Атина во 2016 година изнесувал само 0,9 проценти.

Според грчката програма за помош, во вредност од 86 милијарди евра, Атина минатата година требало да оствари примерен суфицит од 0,5 проценти од БДП.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -