fbpx
17.8 C
Skopje

За прв пат издадена книга од млади автори во Делчево

АКТУЕЛНО

По повод Светскиот ден на книгата 23 АприлЈЛБ „Илинден“ за прв пат во печатено издание ги собра литературните творби од младите автори, ученици од делчевските основни училишта кои се натпреваруваат со свои литературни творби на конкурсот „Книгата мојот тивок другар“.

– Сите творби кои пристигнаа на минатогодишниот конкурс по повод Денот на книгата, ги собравме во една книга насловена „Книгата мојот тивок другар“. Ова во Делчево се случува за прв пат од еден конкурс да добиеме печатено издание. Целта ни е ова да прерасне во традиција и сите творби од наградните конкурси да бидат отпеачени и достапни на пошироката јавност. Нашата библиотека одлучи, оваа книга да им ја подари на сите млади автори кои учествуваа на овој конкурс и на нивните ментори кои даваат придонес во раѓањето на литературното творештво кај учениците, истакна Петровска.

Во книгата се опфатени 30 млади автори кои создале 31 литературни творби од кои 9 проза и 22 поезија. Книгата е печатена во печатницата УНИСТАР од Велес во 100 примероци.

По повод 23 Април, Денот на книгата, ЈЛБ„Илинден“ распиша конкурс на тема „Книгата-мост помеѓу зборот и читателот“ по кој пристигнаа 25 творби од ученици од двете основни училишта.Наградите отидоа кај:

3 место – Јана Попова,5-3 одд.од ООУ„В.Прке“, ментор-Ленка Колевска

3место – Филип Ѓеорѓиевски 8-4 одд.од ООУ„В.Прке“, ментор-Маријана Стојменовска

2 место – Матеа Спасевска 9-1одд.од ООУ„Св.К.Охридски“, ментор-Милка Стоилкова

2 место – Андреа Димитровска 6-2 одд.од ООУ„св.К.Охридски“,ментор-Милка Стоилкова

1 место – Ева Ристовска 8-2 одд.од ООУ„Св.К.Охридски“,ментор-Валентина Даневска

1 место – Александра Попова 8-4 одд.од ОУ„В.Прќе“,ментор-Маријана Стојменовска.Честитки уште еднаш до сите,навистина сите творби беа убави.

Наградени прозни творби:

3 место – Анастасија Крстевска,8-1 одд.од ООУ„В.Прке“,ментор-Маријана Стојменовска

3 место –Теодора Тодоровска 7-3 одд.од ООУ„Св.К.Охридски“ ,ментор-Весна Ивановска

2 место – Марија Јовановска,7-1 одд.од ООУ„В.Прке“,ментор-Василка Ивановска

1место – Ерика Стојменовска 8-1 од ООУ„В.Прке“,ментор Маријана Стојменовска.

Благодарница доби и Мартин Милчевски, 8-4 одд.од ООУ„В.Прке“

Како и секоја година и оваа ЈЛБ„Илинден“ додели благодарници за најредовените читатели во минатата година. За 2017, најверни читатели на делчевската библиотека биле Ефтим Николов и Тања Ивановска.

Инаку,  УНЕСКО за првпат во 1995 година одлучил 23 април да им го посвети на книгите и авторите, поттикнувајќи ги сите, особено младите луѓе, да уживаат во пишаниот збор и да покажат почит кон незаменливиот придонес на оние кои го стимулираат социјалниот и културниот развој на човештвото. 23 април е избран од УНЕСКО  како датум на кој се одбележува годишнина од смртта на двајца врвни писатели во 1616 година, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир. Историјата на пишаниот збор е историја на човештвото.

Библиотеката во Делчево постои уште од 1927 год, во форма на читална и со име„Светлина“. По војната, во 1954 год.,библиотеката е во рамките на Домот на културата и киното, а во 1992 год. се трансформира во матична библиотека. Од 2005 год. е ЈЛБ„Илинден“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -