fbpx
7.9 C
Skopje

Заев од Виена: Работиме согласно европските вредности со цел да го доближиме стандардот на граѓаните до европскиот

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска учествува на Економскиот форум во Виена „Дијалог за иднината 2017“, Австрија, која оваа година е посветен на темите „Политиката се среќава со економијата“ и „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“.

Во изјавата за медиумите по тој повод, премиерот Заев изјави:

„Дозволете да го изразам моето задоволство што присуствувам на високо почитуваниот Виенски економски форум што претставува посебна чест заради тоа што дебатата е посветена на Југоисточна Европа и Балканот.

Соработката помеѓу бизнисот и политиката е нешто што е навистина отворена тема и во нашето македонско општество и нешто на што е фокусирана владата со огромен процент од својата енергија. Во присуство на познати луѓе на Виенскиот економски форум, но и со луѓе од целиот наш регион, од земјите од Западен Балкан, земјите кои што се аспиранти кон Европската Унија, дебатираме на едно отворено ниво, на висока инстанца, како што знаел Виенскиот економски форум тоа да го прави, за да го приближиме нашето македонско семејство со целиот Западен Балкан, до Европската Унија како конечна цел.

Јас верувам дека навистина низ унапредувањето на економските аспекти на живот во Република Македонија многу побрзо можеме да ја доближиме Македонија до Европа. Впрочем тоа што е наша цел практикувајќи ги европските вредности, и во Македонија да го приближиме нашиот стандард со стандардот на граѓаните на Европската Унија. Тоа е единствено можно преку соработката на политиката со бизнисите. Навистина, новите работни места, повисокиот стандард на живот на граѓаните, растот на бруто домашниот производ, е возможно да се остварат преку директни инвестиции, домашни или странски, преку мотивирање на отворање на нови работни места, нови производствени погони и зголемување на економската трговија генерално, пред сѐ партиципирајќи посебно на извозната компонента која што претставува значаен фактор за одржлив дел на економскиот раст и развој на Македонија.“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Kовид резултати: Бројката на починaти денес е двоцифренa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-179, Куманово-24,...

Доктор објави фотографија како изгледа “корона јазик” (фото

Прочитај повеќр во продолжение Епидемиологот Тим ​​Спектор од Универзитетскиот колеџ во Лондон е лидер на научна студија која се занимава со симптоми на коронавирус, а...

Што се Бајден отстрани од Овалната соба? Исчезна и црвеното копче од масата на Трамп кое служело за да може да си нарача кока...

Новиот претседател на САД не губел време на отстранување на сето она кое може да го потсетува на неговиот претходник Доналд Трамп. Освен што...

Што значат зборовите на вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ? Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата

Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, не мислам дека тоа е невозможно да се случи, да почекаме, изјави вечерва генералниот...

Го прашаа Шилегов дали има нарушени односи со премиерот Заев: Неговиот одговор е едноставен

Водителот на емисијата „360 степени“ го праша скопскиот градоначалник Петре Шилегов во какви односи е со премиерот Зоран Заев и дали е вистина дека...
- Advertisement -