fbpx
10 C
Skopje

Заев: Треба казна во правосудството за секој што згрешил пред Законот

АКТУЕЛНО

Без правна држава нема реформи и ако Законот не е еднаков за сите, тогаш е бесполезно да постои само дебата, рече премиерот Зоран Заев.

– Се надевам дека ќе овозможиме правосудните органи да носат транспарентни и независни процеси, кажа Заев.

Додаде дека не треба никој да биде осуден ако не постојат докази дека направил кривично дело и апелираше да се почитува презумцијата на невиност.

– Треба казна во правосудството за секој што згрешил пред Законот и апелирам да се почитува презумцијата на невиност. Притворот се претвори во казна во Република Македонија во последните 10-12 години. Не би сакал тоа да се случува во државата. Навистина да се дава само тогаш, кога е тоа неопходно, а секогаш да се користат поолеснителните мерки во она што значи процес на истрага во судските процеси, изјави Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -