fbpx
-5.5 C
Skopje

Зафировска: Валерија треба да се оперира што побрзо, туморот агресивно расте

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Седумгодишната Валерија Зафировска ги крена родниот Штип и Македонија на нозе во битката да се спаси овој детски живот. Голем број на хуманитарни акции се организираат за да се соберат пари, за таа да се оперира од тумор на мозокот (Tu cerbri reg frontotemporalis sin Cephalea). Потребни се 40.000 евра за операцијата да се изврши во Истанбул.

Нејзината мајка Марина Зафировска за „мама365“ вели дека по направените снимања во октомври и ноември, се покажало дека туморот агресивно расте.

„Валерија треба да се оперира во „Аџибадем“ во Турција, кај познатиот детски неврохирург кој е еден од дестте најдобри во светот, Мемед Озек. Операцијата треба да се изврши најбрзо што се може, односно за еден месец. Туморот засега е во нефункционалниот дел на мозокот“,  вели Марина.

Таа додава дека имајќи предвид што одзивот на хуманитарната акција е огромен, се надева дека средствата до крајот на месецот ќе се соберат и Валерија ќе може да замине на операција.

„Во оваа држава навистина има хумани граѓани. И јас кога сум можела, сум помагала. Овој викенд но и во текот на неделата во Штип ќе има голем број на акции организирани од страна на Црвен крст, младите, кафулињата. Но, не само овде туку хумани луѓе има и од цела Македонија и дијаспората. Жиро-сметката за плаќања од странство, треба да биде отворена денеска, како и телефонските броеви од мобилните оператори“, додава таа.

Марина за „мама365“ раскажа и кои биле симптомите на болеста и воедно апелираше до родителите, секоја главоболка на децата да ја следат, посебно ако истата е проследена со нагон за повраќање и болки во желудникот.

„После тенис, детето ни се жалеше на главоболка која траеше 15 секунди, имаше болки во желудникот и нагон за повраќање. И тоа се случуваше еднаш на три месеци. Се загриживме со сопругот и ја однесовме на детскиот невролог Софијанов кој даде дијагноза, детска мигрена, која ги има истите симптоми. Но, препораката од лекарот беше да се направи снимање на главата. Главоболката повторно се случи на часот по физичко воспитување, по што со сопругот решивме да направиме магнетно снимање. Магнетот покажа дека се работи за тумор“, вели Марина.

Таа објаснува дека тие пред неколку дена биле во Истанбул кај доктор Озек на преглед, а исто така повторно направиле магнетно снимање кое ја потврдило истата дијагноза.

„Докторот ни гарантираше дека 80 проценти како детето ќе влезе, така и ќе излезе од операција и дека нема да има оштетувања. Потоа ќе следи радиотерапија, хемотерапија, а за каков тип на тумор станува збор ќе знаеме по патолошката анализа“, вели Марина.

Kорисниците на Телеком, може да донираат на бројот 070 143 117

Отворен е и број на Вип: 143 480

Жиро сметка за донација:

300081000001938

Комерцијална банка АД Скопје

Дознака: валерија Зафировска –хуманитарна сметка

За донација од странство:

МК 07300307035836239
account number 02-307-0358362.3
SWIFT KOBSMK2X
Marina Zafirovska
komercijalna banka A.D

Фото

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ВИДЕО: Попот го фрли крстот и падна. Како изгледаше тоа?

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници, зашто на тој ден според верувањето Исус Христос е крс­тен од Свети...

Политичар влезе во аптека за да ги види цените на леkови во Србија за да ги спореди со тие од република Српска

Младиот политичар, а сегашен градоначалник на Бања Лука минатата година објави интересно видео кое уште се споделува по социјалните мрежи и е доста популарно...

Во пресрет на Богојавление: „Кој вика дека го нема“: По две недели пронајден првиот крст кој го фрлаше попот на Водици во Пробиштип откако...

Потсетување во пресрет на Богојавление: На Богојавление попот во Пробиштип мораше двапати да фрла свет крст во базенот, затоа што првиот исчезна откако беше...

Марија Пијaнманов и сопругот со париско кафе: Поздрав од Париз „мали маkедончиња“

Некои ги хејтаат, други ги обожаваат. Најчесто може да ги сретнете на социјалните мрежи, каде што споделуваат фотографии од нивните дружби по европските метрополи...

Kонечно посочија кој ден од оваа недела се очекува најмногу СНЕГ: Времето до среда ќе биде студено, а четврток подгответе се за снежна поkривка

Ведро и особено студено во утринските часови ќе биде времето до среда, проследено со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР. Од среда ќе...
- Advertisement -