fbpx
-4 C
Skopje

Зошто Груевски молчеше и ставот за гласање „против“ на референдумот не го кажа пред неговото одржување, туку денес? (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Има една поговорка која вели после војна сите се генерали. Така, после четири месеци, денеска на својата официјална фејсбук страница со свој став околу референдумот се јави и екс премиерот на Македонија Никола Груевски, кој е во бегство и се наоѓа во Унгарија.

Груевски во својот најнов напис, за кој кажа дека е само прв дел од она што ќе го објави како негова анализа, вели дека подобро ќе било партијата ВМРО-ДПМНЕ да повикала да се гласа „против“, наместо бојкот на референдумот за името кој се одржа на 30 Септември.

Таков став во јавноста изнесоа повеќе политичари, меѓу кои и првиот претседател на партијата Љубчо Георгиевски, кој преку писмо до јавноста тогаш повика да се излезе и да се гласа на референдумот, притоа потенцирајќи дека бојкотот не е решение.

Да излеземе СИТЕ ЗАЕДНО на 30-ти септември и да гласаме!“- се вели во отвореното писмо објавено на   Денот на независноста,  8-ми септември 2018.

За разлика од него, неговиот наследник Никола Груевски, на само неколку недели пред референдумот немаше храброст да каже свој став на новинарско прашање – ќе гласате ли на референдумот, немате ли став за референдумот?

Новинарот на ТВ21 неколкупати го праша експремиерот за неговиот став во врска со претстојниот референдум, но Груевски успеа да одолее и не одговори на прашањето од новинарот, при што кратко одговори – не би давал изјави. За разлика од него, Стевче Јакимовски со кој Груевски шеташе по улица „Македонија“, даде одговор дека тој и неговата партија нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот.

Видеото од одговорот на Груевски на само неколку недели пред референдумот погледнете го ОВДЕ 

Она што е многу интересно во целата ситуација е што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, на само 15 дена пред одржувањето на референдумот го критикуваше токму Георгиевски поради неговиот став дека треба да се излезе и да се гласа на референдумот, при што го стави првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и еден од основачите на партијата во ист ќош со другите политичари од СДСМ.

Ние имаме две екипи на политичари во однос на референдумот. Едната е, се изнаредија од Љубчо Георгиевски преку Бранко Црвенковски до Зоран Заев, Димитров, итн итн… кои ги потценуваат граѓаните, сметаат дека се глупави, им кажуваа 27 години што треба да прават па видовме до каде ја донесоа Македонија, одат со еден став дека Македонија не ја бива и затоа треба да прифатиме капитулација. Легитимно право е на мојата генерација да се бориме за подобар договор, рече тогаш Александар Николовски во емисијата 360 степени.

Погледнете на 45:50 минута од интервјуто

Оттука, легитимно се поставува прашањето – дали по денешната изјава на Груевски од Будимпешта, каде што вели дека требало да се повика на гласање „против“ на референдумот за името, Николовски ќе се огради од неговиот став и ќе го стави во ист ќош со онаа генерација на политичари кои прифатиле, условно кажано,  капитулација на Македонија?

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ново видео на „Тик-Ток“ во кое возач лудува по македонските улици и вози со 255 км/ч (ВИДЕО)

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено ново видео каде возач управува...

Утре е Водопост, на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат ова

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани...

Бил Гејтс и Рокфелер веќе ги прават новите ковид пасоши: Како ќе функционираат?

Американските технолошки и здравствени гиганти, вклучувајќи ги Мајкрософт, Клиниката Мејо и Оракл, се здружија за да создадат нови ковид пасоши за вакцинација. Благодарение на новите...

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...
- Advertisement -