fbpx
36.8 C
Skopje

3 вежби за рамен и совршен стомак

АКТУЕЛНО

Со овие 3 едноставни вежби ќе го затегнете, не само вашиот стомак, туку и останатите делови на телото oколу стомакот.

Вежба 1 :

Купете мали тегови кои ќе ви служат за држење рамнотежа повеќе отколку за затегнување на бицепсите.

Пуштете ја омилената песна, застанете во исправена положба со благо раширени нозе и виткајте го телото на страна без да ги свиткувате колената.

Бројот на виткањa на телото е неограничен. Правете ја вежбата сè додека чувствувате дека може да издржите.

Вежба 2 :

Седнете на подот со свиткани нозе и подгответе се за игра.

Еден од теговите земете го во раце и раширете ги нозете, кревајќи ги благо нагоре. Почнете да го префрлате бавно тегот од една во друга рака под и над колената во форма на бројот осум.

Освен што ќе ги затегнете стомачните мускули, ќе го победите и целулитот, а вашите нозе ќе станат поцврсти.

Вежба 3 :

Застанете во исправена положба, со рацете позади главата. Раширете ги нозете и благо потклекнете со исправен грб. Спуштајте се полека кон левата, па кон десната страна, скоро допирајќи го лактот со коленото.

Повторувајте ги овие вежби секој ден и резултатите ќе бидат видливи. Не само што ќе имате секси рамен стомак на кој ќе ви завидуваат, туку и задникот и нозете нема да останат незабележани.

Секако, не заборавајте да консумирате колку што е можно повеќе течности, кои помагаат да стигнете до совршената фигура.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -