fbpx
34.8 C
Skopje

Вестбрук до нов трипл-дабл, Леброн недоволен за Кливленд

АКТУЕЛНО

Фантастичниот Расел Вестбрук стигна до својот 23. „трипл-дабл“ учинок оваа сезона, продолжувајќи ја серијата на феноменални партии, додека пак Кливлен, продолжи со кризата.

Оклахома предводени од Вестбрук на гостинки терен славеше кај Њу Орлеанс со 114:105, во натпрвар на кој Вестбрук постигна 27 поени, со 12 скока и 10 асистенции, за само 36 минути.

Шампионот Кливленд никако да излезе од резултатската криза. Синоќа на домашен терен загубија од Сакраменто Кингс со 116:112, или се вкупно трет пораз во низа. Ниту расположениот Џејмс кој имаше трипл-дабл учинок, од 24 поени, 13 скока и 11 асистенции не беше доволен да помогне на својот тим.

Кај Сакраменто најрасположен беше ДеМаркус Казинс кој со 28 поени и 11 скока го предводеше својот тим до победа. Тој погоди слободни фрлања за продолженија, па беше клучен играч во победата.

Голден Стејт Вориорс се намачија против Шарлот, одкако до победа стигнаа во последниот период од 113:103. Кевин Дурант постигна 33 поени, додека Стеф Кари надополни со 28.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -