Fri. Sep 22nd, 2023

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес ги доби своите противници за квалификациите на Европското првенство 2019 година, кое ќе се одржи во Италија.

Нашата селекција се најде во Група 7, каде ќе се соочат со репрезентациите на Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар. Директно пронатаму ќе продолжат првопласираните екипи, додека најдобрите четири ќе играат бараж за да обезбедат место во завршната фаза.

„На прв впечаток групата не изгледа атрактивно, но противниците се силни и квалитетни. Србија која е наш ривал и на ЕП во Полска, Австрија која играше бараж со Шпанија за влез на шампионатот во Полска и Русија која е навистина квалитетна. Но, во секој случај добивме група за ново надигрување со силните европски репрезентации. И претходно кажав дека наша цел ќе биде потврда на квалитетот на игрите од претходниот циклус и конкурентност на теренот со секој противник, без разлика кој е од спротивната страна. Ние за квалификацискиот циклус за ЕП 2019 градиме комплетно нова репрезентација со која повторно ќе одиме чекор по чекор, како и низ претходните квалификации“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Новите репрезентативци во младата репрезентација ќе имаат тешка задача повторувајќи го успехот на своите претходници, бидејќи Македонија на претходните квалификации избори пласман на Европското првенство во Полска, кое ќе се игра летово.

By D.S

Leave a Reply

Your email address will not be published.