fbpx
16 C
Skopje

Уникатен спој на младост, талент и пријателство – тоа е музичкото трио Шербет

АКТУЕЛНО

Добрите пријатели се редок, но скапоцен дар. Тие се три, пред се пријателки, но и долгогодишни членови на градскиот женски младински хор Менада од Тетово – Теодора Ветероска (ученик во средното музичко училиште Тодор Скалоски Тетоец) Ана Марија Блажеска (студент на институтот за психологија на УКИМ) и Марија Костоска (студент на втор циклус на студии на институтот за Биологија на УКИМ)

За тоа како започнала нивната приказна и како Шербет се развива на македонската музичка сцена, за „Поглед.мк“ ни раскажаа повеќе токму трите девојки од музичката група „Шербет“.

„Нашата приказна почнува во градскиот женски младински хор Менада од Тетово.  Неколку години наназад имавме желба да создадеме некој вид на музичка групација меѓутоа Шербет настана сосем спонтано. По настап со хорот, една од песните кои ги пееме со хорот ја пеевме одејќи низ Тетово. Пеењето го снимивме и постиравме на социјалните мрежи и наидовме на поддршка по што решивме да снимаме препеви на Македонски песни од различни периоди на македонската музика на познати или автентични локации во градот.

Секое видео беше погледано од претходното и решивме да направиме фејсбук и јутуб страна. Наскоро добивме покани за емисии, свирки и настапи. Минатата недела добивме и плакета од град Тетово за придонес во културниот живот. Во иднина планираме да снимаме и во други градови, студиски да снимиме по некоја преработка, а во малку подалечна иднина и нешто авторско“.

Шербет, неодамна гостуваа на утринската емисија на Сител „Ја сакам Македонија“, а често може да ги слушнете и видите и на локалните медиуми.

Тетовското трио Шербет е добитник на наградата „Трети Март“ во Тетово од областа на културата кое беше под покровителство на Општина Тетово, а нивната награда лично им ја врачи градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Во прилог видео од прекрасната изведба на Шербет на песната „Оган под Ѕвездите“

Потребна ли е поголема инспирација од настапот на Меморија?! ❤

Posted by Шербет on Sunday, February 26, 2017

Официјалната Фејсбук страница на „Шербет“ на која може да ги следите секојдневно и да уживате во нивните изведби https://www.facebook.com/sherbeti/?hc_ref=SEARCH

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -