fbpx
1.8 C
Skopje

Студентите реагираат, институциите молчат: Дворот на СД „Стив Наумов“ претворен во депонија (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Студентскиот дом „Стив Наумов “ – Скопје, дом со најголем капацитет на легла и најголем број на студенти сместени во него, е целосно запоставен од институциите. И самите видовте од претходната статија за овој дом која ја направи нашиот портал, дека тој веќе неколку години наназад не е ниту малку реставриран. Уништени тоалети, тавани кои претставуваат заплаха за студентите и при најмал дожд поради протопување, влага, недостатокот на храна и топла вода, се само дел од секојдневието на студентите, ониe кои се иднината на оваа држава.

За жал, студентите во овој студентски дом, не страдаат само од внатрешните услови во него, туку влијание имаат и надворешните. Во речиси самиот двор на студентскиот дом, се наоѓаат 2 контањери кои служат за исфрлање на отпадот од зградите на студентскиот дом. Сето тоа звучи добро, но овие два контањери веќе подолг временски период не се испразнети. Имено, местото околу нив речиси веќе е претворено во депонија.

„Иако тие се наменети само за студентскиот дом, отпадот таму го фрлаат и граѓаните од околните населби“, велат студентите.

Покрај неубавиот изглед, од ова место се шири и непријатна миризба, која полека, но сигурно им штети на здравјето на студентите. Тие реагираат, но како што велат веќе половина година како ова место не е исчистено од страна на комуналните претпријатија.  Доколку некогаш поминете од таму, патот кој води до Хемискиот и Природно-Математичкиот Факултет, можете да ја почувствувате оваа непријатна миризба, која од ветерот се шири и на околу. Често пати оваа депонија може да се види запалена, што предизвикува дополнително труење за студентите и загадување на воздухот.

Пред само еден ден, во непосредна близина на студентскиот дом тотално беше опожарена една барака, која беше сендвичара, каде студентите можеа во доцните часови, да си набават оброк. Остатоците од оваа барака денес беа фрлени на оваа т.н депонија, која и така е преплавена со отпад. Смрдеата од пожарот се уште се чувствува, а несовесниот газда на опожарената сендвичара, без грам размислување ги исфрли токму таму.

Кај студентите останува прашањето, дали некогаш надлежните институции ќе навратат и ќе го санираат ова место, кое го загрозува нивното здравје. Да не забораваме, сепак тие се иднината на оваа држава и заслужуваат далеку подобри услови од моменталните во кои што живеат, пратени од нивните родители, да го надоградуваат нивното знаење.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -