fbpx
28.8 C
Skopje

Арената Филип Втори не е подготвена за УЕФА Супер купот

АКТУЕЛНО

Владата на денешната седница констатирала сериозни пропусти во организацијата на УЕФА Супер купот, кој што треба да се игра на 8. август на Арената Филип 2.

Во соопштението на Владата стои дека се констатирани сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходната Влада во врска со реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017.

Стадионот не бил подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА, известуваат од владата и го задолжиле Генералниот секретаријат на Владата, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземат сите потребни мерки во рок од три дена да се најде начин за одржување на УЕФА Супер купот.

Инспекција на УЕФА се очекува да дојде во Скопје на 21. јули кога треба да се проверат условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -