fbpx
21.8 C
Skopje

Би сакал..

АКТУЕЛНО

Би ти подарил роза..
Секој ден..
Притоа без да ја оштетам природата..
Без да ја осиромашувам..
Би ти ги покажал ѕвездите..
Ги има многу..
Планетите..
Другите галаксии..
Би ти ја покажал својата фантазија..
Огромна е..
Бесконечна..
Во сите погледи..
Сакам да ти покажам дека сум ти поддршка..
Во невремиња..
Во добри времиња..
Во лоши времиња..
Во најголемите маки..
Зад секој агол..
Би ти го разубавил денот..
Секој ден..
Секој твој ден..
Секој мој ден..
Секој наш ден..
Не ми е гајле за двоината..
Вредиме повеќе од двајца..
Би те однел на една висока точка..
Каде цел град ќе ти биде на дланка..
И само небото над нас..
Би легнале хоризонтално..
Само со доближени глави..
Барем така ќе бидат на почеток..
Би ти ги покажал ѕвездите што водат до мене..
Би ти покажал нежност со роза..
Би ти ја покажал фантазијата со прикаските мои..
Би ти покажал дека секогаш ќе можеш да ме видиш мене на небото..
Дека секогаш те пазам..
И чувам..
Се надевам дека со ова би ти го разубавил денот..
Ако сеуште не знаеш да стигнеш до мене..
Не се секирај..
Јас ќе те најдам..
Ама тогаш нема да прашувам..
Само ќе те земам..
Зашто би сакал да сме заедно..
Автор: Златко Ѓоргијоски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -