fbpx
18.8 C
Skopje

Богојески: Осум високи функционери до Груевски се заштитени сведоци на СЈО

АКТУЕЛНО

Осум функционери во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и кои се до Никола Груевски се заштитени сведоци на Специјалното јавно обвинителство, изјави еден од иницијаторите за реформи во партијата, Петар Богојески на Топ Тема на Телма.

Тој ова го кажа во контекст на кампањата која ја води раководството на партијата и Никола Груевски кон иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ дека се заштитени сведоци во СЈО против Груевски и други функционери на партијата.

-Во СЈО ниту еден заштитен сведок не се заведува со име и презиме туку со псевдоним. Никој од реформаторите не е заштитен сведок, и затоа нека бидат релаксирани, никој од нас не е сведок, рече Богојески.

Нашата иницијатива е да ја заживееме партиската структура за да победиме на изборите. Во последниве години услов за напредок во партијата е кој повеќе ќе искодоши некого, рече Богојески.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -