fbpx
2.3 C
Skopje

Можно одложување на потпишувањето на договорот со Бугарија

АКТУЕЛНО

На 2 август Македонија ќе биде кодомаќин со Црна Гора на американскиот потпретседател Мајк Пенс во Подгорица каде што ќе има средба со земјите членки на Јадранската повелба. Тоа најверојатно ќе го одложи потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, што беше најавено на Илинден, за друг датум ако до тогаш биде услогласен текстот. Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Димитров во неговиот отчет пред собраниската Комисија за надворешна
политика, каде што пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да издејствуваат да го видат текстот на Договорот со Бугарија пред да биде потпишан. Министерот Димитров рече дека сега Македонија треба да покаже дека може да ги решава проблемите со соседите и побара консензус за новото поглавје во надворешната политика. Неговиот претходник Никола Попоски го праша кои е деталот што треба да се договори со Бугарија, како и на што го темели очекувањето дека Грција ќе го промени ставот и ќе дозволи прием во НАТО под привремената референца. Димитров рече дека ќе продолжи позитивно да ја убедува Грција да го промени ставот, спротивно од постапките на претходната влада затоа што е поважна иднината на следните генерации отколку недоразбирањата околу античката историја на Македонија. Шефот на диопломатијата Димитров рече дека ќе води проактивна надворешна политика која се темели на посветеност на реформите, инвестирање во
добрососедските односи и зголемување на пријателите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -