10.8 C
Skopje
понеделник, октомври 27, 2025
spot_img

СПОРТСКИ АЕРОДРОМ ОРГАНИЗИРА СВАДБИ И ЗАБАВИ! Ќе има истрага за тоа

spot_img

Надлежните институции стартуваат со акција да се испитаат хангари, земјишта, дозволи и трансформации на спортските аеродроми низ Македонија, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, по објавата на порталите Црнобело и Плусинфо дека во склоп на аеродромот Стенковец има објект каде што се организираат свадби, разни други настани и концерти, на територија од неверојатни 250.000 квадрати.

– Станува збор за сериозни информации што излегоа во јавноста. На денешната седница на Владата по прашања и предлози се усвои заклучок, со цел да се провери целокупната работа на правните лица кои се носители на уверенија за оператори за спортски аеродроми, овластени од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Беше побарано да се проверат нивниот правен статус и начинот на нивното трансформирање, зашто станува збор за акционерски друштва; имотот со кој располагаат и правниот статус на имотот, односно начинот на стекнување, дали е наследен, стекнат, легализиран или нелегализиран; a се задолжија и Министерството за транспорт, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција, МВР, Државниот градежен инспекторат, Инспекторатот за локална самоуправа, Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата на катастар, а е препорачано единиците за локална самоуправа на чијашто територија се наоѓаат, да ги испитаат овие 5 аероклубови – изјави Николовски.

Марија од Скопје беше кул невеста со старки, на кои го пишуваше датумот на свадбата, а за порталот Црнобело сподели дека свадбата им била буквално 7-часовно музичко шоу на спортскиот аеродром Стенковец.

Марија и Борис Цветановски, музичарот познат како Ris Flower, од Скопје направија уникатна тематска свадба на спортскиот аеродром Стенковец со покани во вид на авионски билети.

Министерот посочи дека под истрага ќе бидат 5 спортски аероклубови: „Скопје“, кој стопанисува со аеродромот Стенковец во општина Чучер-Сандево; „Доне Божинов“ – со спортскиот аеродром во Куманово; аероклубот „Мирко Тодоровски“ – со аеродромот во Битола; како и аероклубовите „Прилеп“ и „Штип“, кои стопанисуваат со спортските аеродроми во соодветните градови.

– Овие аероклубови треба да бидат детално проверени и ќе бидат проверени во рок од најмногу 2 недели, институциите ќе дадат одговори кон Владата во однос на сите овие постапки и процедури, од една страна за да се задржи дејноста, бидејќи треба да има спортски аеродроми во државата, од друга страна за да се заштити максимално безбедноста на оние што управуваат спортски авиони. Од трета страна, најважно, да се задржи основната дејност зашто станува збор за аероклубови, па не смее да се манипулира законот – посочи Николовски.

поврзани објави

         

Последни објави